Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ја претстави новата песна “Хурем“, а специјално за таа прилика Северина се окитила со златни нитни и реси со цел да го долови шармот на сопругата на славниот Сулејман. Пејачката песната ја посветила на својата мајка и илјадниците фејсбук фанови.
“Песната ја избрав бидејќи мајка ми го обожува Сулејман Величенствениот и секако бидејќи е добра мелодија и текст. Исто така со песната сакам да им се заблагодарам на своите фанови, кои на Фејс ги има над пола милион. Мислам дека го имам најубавиот спот на овие простори“, напишала Севе на Фејсбук.
Слушнете како звучи новата “Хурем“:
httpv://www.youtube.com/watch?v=4lHypet3OHA