
„Откако видеото се појави во јавноста не можев да излезам од дома ни пак да се качам на бина. Немав желба за ништо. Тоа го доживеав како психичко и медиумско силовање. Мислев дека никогаш нема да се вратам на шоу бизнисот. Луѓето тоа не можат да го разберат се додека не го доживеат на сопствена кожа – изјавила Северина и додава дека голем дел од јавноста сеуште мислат дека сето тоа таа сама го режирала.
Пет месеци после тоа решила да ја крене главата и да направи промоција откривајќи дека се чувствувала многу лошо уште долго време.
