Северина Вучковиќ бара спонзор!

popara1 август, 20131min00
7

Пејачката сака да сними спот на егзотична дестинација и таму да носи екипа од 20 луѓе за што и се потребни многу пари па затоа е во потрага по спонзор со чија помош да направи високобуџетен клип за песна од новиот албум.

Покрај потрагата за спонзор таа ги избира и локациите, а како што стојат работите, најверојатно дестинација ќе биде Сицилија, Ибица или Мајорка.

Пред некој ден ве информиравме дека бракот на Северина и Милан е во криза…но госпоѓата не губи многу време. Ако нејзиниот сопруг не се најде во улогата на спонзор, Северина лесно ќе го замени со друг великодушен господин кој ќе успее да ги задоволи нејзините големи потреби.

Raj... Seve želi da kadrove snimi na Siciliji