
Познатата пејачка Шакира гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис каде раскажуваше за својот пораѓај.
„Немојте да им верувате на жените кои ви велат дека пораѓајот е прекрасно искуство и дека децата се прекрасни кога ќе се родат. Тоа не е вистина. Кога го родив Милан беше целиот виолетов и збрчкан и не можев да поверувам дека тоа е моето дете“, вели колумбиската ѕвезда.
Шакира изјави и дека после пораѓајот не се чувствувала ни најмалку секси и дека се плашела дека 10 години помладиот Пике веќе нема да ја гледа исто, односно дека нема да му биде привлечна како порано.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=fL-a-Gac3S4