Во јануари Шакира стана мајка за прв пат, а само неколку месеци после среќниот настан латино дивата сподели дека телото и изгледа очајно и дека наликува на шар пеј.
Изгледа дека споредбата со симпатичното куче важела само за тогаш, бидејќи сега, само шест месеци подоцна на нејзиното тело нема ни трага од опуштена кожа и стомаче.
Ова е нејзината најнова фотографија каде Шакира е во бикини и демонстрира тело на кое можат да и завидат доста помлади девојки. Пејачката има 36 години, наскоро стана и мајка, има супер тело па затоа би требало да ни послужи за пример на сите нас.
Убавицата покажа дека нема невозможни работи и дека со труд се се постигнува!