Претходно веќе сме ве запознале со талентираната Мишел Фан која предизвика вистински бум со своите клипови откривајќи ни ги чекор по чекор тајните на професионалната шминка.
Подолго време Мишел има свој Јутјуб канал кој во моментов има околу 4 милиони следбеници.
Во личниот онлајн простор таа освен што дава совети и идеи за шминка, успешно ја копира шминката на познатите убавици.
Во клипчето кое денес го избравме за вас Мишел демонстрира како со помош на неколку техники да ја доловиме шмиката типична за Анџелина Џоли.