
Како што се вели во описот на фотографијата поставена на Фејсбук страната “Volim zivotinje“, кучето го нашле Аида и Шакиб од Тузла.
“Не чепкајте го, ќе се заразите“ – викала една госпоѓа, раскажува Аида, и поради страв од загрозување на сопствениот живот никој од минувачите освен Аида и Шакиб не посакал да му помогне на повреденото куче. Како било повредено и кој го сторил тоа, не успеавме да дознаеме.
Фотографијата за неколку минути е споделена во огромен број и предизвикала големо внимание особено кај љубителите на животни. Еден од коментарите е и молба да се дознае како и на кој начин е вака масакрирано кутрото животно.
Кучето умрело, е уште еден од коментарите под фотографијата.
