Што би се случило ако Сонцето престане да свети?

popara23 јули, 20131min00
10

Астрономите за оваа година предвидуваат врв на соларниот циклус или соларен максимум, но што би се случило кога Сонцето ќе почне да умира или кога еден ден едноставно ќе престане да свети и дали Земјата и луѓето ќе преживеат?

Сценарио “Гаси светло“

Првото радикално сценарио бара поразвиена фантазија, но да замислиме дека Сонцето се гаси без предупредување. Исто како што филџан кафе нема веднаш да се олади ако го ставиме во фрижидер, исто така ни Зејата нема веднаш да се олади. Првата година после смртта на Сонцето температурата би паднала на -73 степени. Површината на океаните ќе замрзне. Ако се прашувате како луѓето ќе преживеат, решение има. Човештвото би можело да преживее ако се преселат на дното од океанот или ако користат нуклеарна или геотермална енергија за одржување на животниот простор.

Сценарио два – Почеток на крајот

Ова сценарио е она што најверојатно ќе се случи после 5 милиарди години кога Земјата ќе ја преживее смрта на Сонцето, но човештвото не. Еволуцијата на нашите ѕвезди не е енигма и се знае каков е нивниот крај. За некои 5 милиарди години Сонцето ќе нарасне значително и преминува во фазата “црвен џин“ кога 40% од неговата маса ќе ја исфрли во космосот. Нема да експлодира но на крајот ќе остане оголено и врело јадро кое го нарекуваме “бело џуџе“. Во фазата на “црвениот џин“ Сонцето речиси ќе ја допре Земјата после што живиот свет нема да преживее.