
Сите кои се на плажа истиот момент би изгореле од сонцето, меѓутоа исто така не би постоела ни плажа, ни песок ни вода. Кислородните молекули во воздухот ја штитат нашата кожа од УВ зраците.
Небото преку ден ќе се затемни. Малиот број честици кои ја врзуваат светлината би значело речиси црно небо.
Земјината кора ќе се распарчи бидејќи се состои од 45% кислород. На сите ќе им експлодира средното уво бидејќи ќе се изгуби 21% од атмосферскиот притисок. Секоја зграда направена од бетон ќе се претвори во прав бидејќи кислородот е важна компонента што го врзува бетонот.
Третина од водите се кислород без кој водородот ќе стане гас поради што океаните ќе “истечат“ во космосот.
А што ќе се случи ако се дуплира кислородот на нашата планета? Авионите полесно ќе летаат, ќе поминуваме повеќе километри со истата количина бензин, сите ќе бидат посреќни и во подобра кондиција. Но би имало огромни инсекти.
Погледнете го видеото кое накратко ќе ви ја презентира огромната улога на кислородот:
