Што работеле ѕвездите пред да се прослават?

popara9 јули, 20131min00
11

Ѕвездите не секогаш биле познати. Имало времиња кога морале здраво да запнат за да заработат парички за живот.

Едно време луѓето можеле да си купат сладолед од Џулија Робертс или Мик Џегер. Други среќници купувале пуканки од Том Хенкс. Покасно славниот актер се насочил кон хотелиерство и работел како пиколо во луксузен хотел.

Джулия Робъртс

Ева Мендез исто така била продавачка, но на хот дог. Се вели дека и поп иконата Мадона била зад штандот нудејќи крофни. Најинтересен е случајот со Бред Пит. Актерот кој денес е најголемата женска фантазија, работел во ресторан за брза храна но облечен како пиле. Денес тој не сака да се навраќа на овој период и тврди дека тоа била една од најнепријатните должности што ги извршувал.

Други ѕвезди кои си ја пробале среќата во угостителството меѓу кои најискусна е Сандра Булок која работела и како келнерка и како шанкерка, но тука е и нејзината колешка Џенифер Анистон која има богат стаж како келнерка.

Дженифър Анистън - калифорнийско слънце

Упи Голдберг работела како шминкерка во погребална агенција, а Род Стјуард во истиот бизнис, но како гробар. Шон Пен работел како млекар, а покасно и шофер на камион. Џек Николсон пак продавал играчки, додека Харисон Форд се занимавал со дрводелство.

Далеку подосадни се должностите на Реј Романо кој работел во банка и на Стинг кој извесно време бил учител, а покасно трењер.

Како што се вели, нема срамна работа, го докажале тоа и ѕвездите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma