Списанието AskMen.com има мошне добри теории кога се во прашање работите кои жените ги бараат од мажите. Се согласувате со нив или сметате дека не се во право?
Центар на внимание
Прва и најважна работа кај секоја жена без исклучок. Дали тоа го добиваме преку порака, повик, цвеќе или нешто друго, за мажите главната цел треба да биде да не постават во центарот на својот свет. Ние се согласуваме!
Целите се задолжителни
Секоја жена посакува маж кој има јасно одредени цели и кој знае каде оди. Не можеме да кажеме дека сакаме баш секој секунд да му биде испланиран во животот, но вистина е дека сакаме мажи кои знаат што прават.
Голема…сметка
Барем заштедени пари од последните 6 месеци, ако може да им се верува на студиите. Жените сакаат сигурност, а сметката е она што гарантира удобен живот и дефинитивно припаѓа во оваа категорија. Вистина е, не ни пречи финансиска сигурност, но тоа секако не е клучна работа.
Верност
Се подразбира – секоја жена посакува маж на кој може да му верува. Тоа е суштината на врската, зарем не?
Достапност
Мажот кој секогаш е тука некаде кога ќе ни притреба е многу подобар од оној кој мораме да го молиме да се појави. Ова е неопходно за емоционална подршка, за моментите кога не сакаме да сме сами и за сите останати моменти во врската – сакаме мажи кои кога ќе ги повикаме, ќе дојдат.
Смисла за хумор
Мажите кои ќе успеат да ни го разубават лошиот ден се идеални мажи, бидејќи знаеме дека покрај нив често ќе бидеме расположени и насмеани.