Што зборува фризурата за вашата личност?

popara21 октомври, 201318min00
26

Косата освен што ќе го разубави вашиот стајлинг и ќе направи да се чувствувате секси и неодоливо, може и да открие каков е вашиот карактер. Затоа следниот пат кога ќе одите на некој важен настан или состанок со мажот кој сакате да го освиоте, размислете добро каква фризура да изберете за таа пригода.

Коњска опашка

Иако повеќето луѓе сметаат дека едноставната коњска опашка припаѓа на едноставна, мила и невина жена, вистината е, тврдат експертите, сосема поинаква. Токму отворањето на лицето е знак за силна особа со голема самодоверба и изразена сексуалност, барем кога станува збор за интимните моменти.

Секое влакно на свое место

Жените кои секогаш имаат совршено средена коса, дури и во слободното време, обично се оние кои се опседнати со контрола. Совршениот ред во косата го отсликува секој еден сегмент од вашиот живот. Ако негувате ваква фризура вие сакате да контролирате и мразите неочекувани ситуации и изненадувања. Логично, со километри сте далеку од спонтаност. Кога љубовта и сексот се во прашање, вие точно знаете што сакате и најсреќни сте кога ја играте главната улога.

Природно распуштена коса

Вакви фризури носат авантуристките, да не кажеме “дивите“ девојки. Секако, во позитивна смисла. Тие се слободоумни, непредвидливи, спонтани. Се чувствуваат фантастично во своето тело и се безгрижни во животот, љубовта, сексот. Мошне се страсни и на влијанието на еротскиот вулкан ќе се препуштат секаде и секогаш.

Небрежна пунџа

Сопственичките на вакви фризури доволно се свесни за својата сексуалност и она што мажите го сакаат. Со оваа фризура се разголува вратот како еден од сензуалните делови на женското тело, а небрежноста на фризурата открива одредена доза на нескротлив дух. Овие жени сакаат да флертуваат и не се плашат да го покажат тоа, ни пак да го иницираат.

Боб

Поради времето и грижата потребни да се одржува оваа фризура  лесно може да се заклучи дека се работи за жени кои сакаат ред, организација и дисциплина и која во кревет е помалку досадна. Но вистината е сосема поинаква – оваа фризура открива жив оган кога се работи за секс и љубов. Вие можеби делувате студено, но оној кој нема да се исплаши од вашата маска, ќе биде пријатно изненаден кога ќе започнат жешките игри.

Кратка коса

Ваква фризура носат самостојните жени, кои се мошне храбри и кои многу добро знаат што сакаат од животот и од врската. Тие се подготвени на апсолутно се. Не сакаат да се претопат во масата, оргинални се во секој сегмент од животот. Многу е тешко да прецизирате што од нив може да се очекува па само ќе кажеме: Очекувајте го неочекуваното!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag