Диего Кошта во моментов е на врвот на славата! Напаѓачот на Атлетико од Мадрид најпрво беше актуелен после голот за Реал на дербито, за набрзо после тоа да изјави дека сака да игра за Шпанија, наместо за матичната земја, а сега ги полни шпанските таблоиди после шокантната исповед на неговата бивша девојка Мишел Зуан.
Атрактивната бразилска манекенка одлучила да ја обелодени валканата тајна и да ја каже вистинската причина за нивното раскинување.
“Најпрво сакаше сериозна врска. Мислам дека беше вљубен во мене. Ме третираше добро, ми купуваше скапи работи, ме носеше по вечери. Најмногу го сакав затоа што беше издржлив во кревет. Тука нема замерка“, вели Заун и додава:
“Меѓутоа нашиот однос се поремети кога отиде со друга жена кога забременив, а врвот беше мувањето со мојата сестра на журката во Мадрид.“