Шведската пиратска партија слави 10 години со тужба

popara9 август, 20131min00
pirate-party-sweden-minister.si

Шведската пиратска партија денес ја слави својата 10 годишнина од постоењето на својата веб страна “The Pirate Bay”, со тужба кон министерката за информациони технологии, Ана-Карин Хат, која е позната по својот строг став кон анти-пиратеријата, за прекршување на законот за авторски права.

pirate-party-sweden-minister.si

Партијата одамна го следи Инстаграм профилот на Хат, каде откри дека политичарката е виновна за прекршување на легислативата во која таа строго верува и ја подржува.

Министерката објавила цртежи од познатите цртани ликови “Calvin and Hobbes”, како и фотографии од познати филмови како “The Lord of the Rings”, “The Da Vinci Code, и “Monty Python and the Holy Grail”, напиша портпаролот Торбјорн Вестер на својот блог.

“Кога ни шведската министерка за информациони техонологии не ги следи законите за авторски права на интернет, тогаш како може да се очекува од обичниот интернет корисник да следи ваков застарен закон”, рече тој.

Според него, овој потег не е наменет да и’ наштети на министерката, туку да покаже дека овој закон, кој го прави секој корисник кој сака да води модерен живот криминалец, не функционира.

Capture1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag