Непознат риболовец од Русија за малку ќе ја изгубеше својата рака во вилиците на морски монструм. Не се знае точно како риболовецот успеал да ја вметне својата рака во устата на рибата. Во коментарите на видеото се претпоставува дека риболовецот ја заглавил својата рака додека пробувал да ја искористи како мамка за да ја фати рибата.
Риболовецот и својот колега цели три минути пробувале да ја извадат неговата рака од вилиците на мутантот. Користеле разни помагала: метална цевка, дрвена даска, дури и нож.
Низ каква агонија поминал човекот, најдобро може да се види од изразите на неговото лице на видеото.