
Секој човек кој сака да се заштити од уроци си врзува црвен конец на раката. Не се знае кога се родила оваа традиција, но се уште има луѓе кои веруваат во силата на цвената врвка. Пред многу години црвен конец се врзувал на оние луѓе кои биле премногу слаби, плашливи и болникави или пак оние кои биле многу убави и го привлекувале вниманието на останатите. Најчесто таква врвка имале новородените бебиња, убавите девојки и родилките, зошто тие биле најзагрозени и ранливи.
Како да си врземе црвен конец?
Не е важно како, важно е кој ќе го врзе. Според преданијата тоа треба да биде највозрасната жена во куќата. Жените треба да го носат црвениот конец на левата рака, а мажите – на десната. Има и преданија според кои не е важен полот и конецот секогаш се носи на левата рака за да е поблиску до срцето и да не ја стопира позитивната енергија која доаѓа од десно.
Според други верувања човек може да се справи со сиромаштијата ако си врзе црвен конец на раката. Исто така убаво е скинатите џебови да се шијат со црвен конец за да не остане никогаш празен.
Дали е важно од што е направен конецот?
Сигурно мислите дека тоа не е важно, но не е така. Памучните конци се користеле за заштита од уроци и магии, а свилените – за привлекување љубов и финансиска придобивка.
Врзете си еден црвен конец, никогаш не можете да бидете сигурни кој со какви очи ве гледа и што ви мисли.
