Земјотрес со силина од 6.5 на рихтеровата скала, го удри Нов Зеланд ноќеска. За среќа, досега не се пријавени повреди, но слики од материјална штета се објавени на неколку социјални мрежи.
Според локалните служби, истиот регион поминал низ уште неколку земјотреси со мала до средна силина, вклучувајќи уште еден земјотрес од 6.5 на 21 јули.
Од 1900 година, 15 земјотреси со силина од 7.5 или повисоко на рихтеровата скала биле забележани во близината на Нов Зеланд. Најголемиот, со силина од 7.8 на скалата, се случил во 1931 година, токму во Нов Зеланд и убил 256 луѓе.