24 годишната норвежанка која пред 4 месеци била силована во Дубаи е осудена на 16 месеци затвор поради сексуални односи надвор од бракот.
Девојката веќе 4 месеци се наоѓа во затвор во Дубаи. Откако пријавила силовање, и биле одземени сите лични документи. Пред неколку месеци девојката во полиција пријавила дека ја силувал колега, а сега е осудена на затворска казна 16 месеци поради секс надвор од брачната постела и пиење алкохол без дозвола. Во Дубаи била на службен пат со колега. Последната ноќ излегла да се прошета со колешките од Норвешка. Неколку катарски колеги им се приближиле. Се разбудила силована и без облека.
Според шеријатскиот закон за осуда во случај на силовање е потребно признание од страна на силувачот или 4 возрасни машки особи да посведочат.