Боливудските убавици решиле да застанат на страна на сите жртви од сексуално злоставување така што на саркастичен и малку шокантен начин решиле да им покажат на насилниците и на сите останати, кој всушност е виновен за едно вакво понижување и злосторство што една жена може да го доживее.
Нивната порака е дека жените се виновни исклучиво затоа што се жени, а дека на лудаците и манијаците не им е важно дали на себе имаат провокативна облека или се облечени од глава до пети. Исто така, останувањето на една еманципирана дама до доцните саати на работа, одењето со пријатели на вечерна забава, убавината, љубезната насмевка, не претставуваат ни на еден начин повод и повик за секс, а камоли физичко и психичко изживување над недолжната и нежна жртва.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8hC0Ng_ajpY