Шокантната фотографија од момчето кое во едната рака држи цигара, а во другата калашњиков, живописно ги илустрира настаните кои моментално се одвиваат во Сирија.
7 годишното момче е син на еден од бунтовниците и е фотографирано пред барикадата на Ослободителната војска на Сирија во градот Алеп, каде чува стража на опасната линија на крвавите судири.
Фотографијата се појави непосредно после одлуката на меѓународните сили дека нема да дадат ракетна подршка на бунтовниците во северна Сирија.