
Видео снимката на сириски бунтовнички командант, кој го вади срцето од телото на убиен сириски војник и го загризува, е сведоштво за тоа колку брзо граѓанската војна во земјата се претвора во војна со крвнички убиства и неконтролирана омраза кон другата страна.
Со седиште во Њујорк набљудувачка организација објасни дека на видеото кое вчера беше поставено на Интернет, е прикажан човек, познат како Абу Сакарја, основач на бунтовничките бригади “Фарук“ и добро познат на новинарите како еден од борците на Хомс.
“Се колнам во Бога дека ќе ви ги изедам срцата и црните дробови, војници на кучето Башар“, се слуша гласот на Сакарја помеѓу извиците на неговите соработници му кои извикуваат “Алах акбар“ – Господ е голем!
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=WIEBH2Kln1U&bpctr=1368618436