Традиционално сирупот од коприва се користи за прочистување на крвта, но истовремено е вкусен и освежителен пијалок ако го измешате со газирана вода и коцки мраз. Научете како да го направите.
Овој сок е добар и против реума и артритис, а бидејќи копривите имаат многу железо се користи и во борбата против анемија. Дури го пијат и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Се верува и дека спречува респираторни и уринарни проблеми но и косопад.
Не мора секогаш да го разблажувате со вода. Ќе ви претставиме две рецепти – едната сосема едноставна во комбинација со лимон и мед.
Потребно е: 1 кг листови од млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 гр на секои 500 мл течност).
Измијте ги и исцедете ги листовите коприва па потопете ги во вода и варете на средна температура околу еден час, додавајќи вода бидејќи испарува. Процедете па додадете шеќер и мешајте додека сосема не се стопи. Добиениот сируп се чува во стаклени садови кои добро се затвараат. Во листовите од коприва можете да додадете и листови од рибизла во однос 1:1.
Коприва, мед, лимон
Подгответе: Околу 400 гр свежи, млади листови коприва, сок од 6 поголеми лимони, 800 гр шеќер, 5 лажици ливадски мед и 1 литар филтрирана вода.
Постои еден трик, доколку не ви се допаѓа идејата со многу шеќер. Можете да го замените со мед, но само дел, да речеме 300 гр – заменете со 1кг мед, но не се вари и го додавате во оладениот сируп. Вака подготвениот сок има пократок рок на употреба.
Копривата се мие и се сецка. Додадете вода во тенџерото и додадете шеќер (може и кафеав). Се ставете на шпорет да се вари и повремено мешајте (кога ќе зоврие оставете да крчка 5 минути).
Доколку се појави пена на површината отстранете ја со лажица.
Копривите ставете ги во керамички сад и полејте ги со шеќерниот сируп. Поклопете со чинија и притиснете со потешка чаша или тегла. Оставете да отстои 10 минути. Сега додадете го сокот од лимон и медот. Со раце исцедете го сокот и одвојте ги копривите. Кога ќе добиете сируп процедете со цедилка ако е потребно и работата е завршена. Сирупот се чува во стерилни стаклени садови кои добро се затвараат. Се чува на ладно и темно.