Старлетата го прекинала својот одмор на Ибица и допатувала во Барселона пред два дена, а селекторот на српската фудбалска репрезентација Синиша Михајловиќ во моентов се наоѓа во истиот град поради пријателска утакмица помеѓу Србија и Колумбија. Случајност или не?
Откако Сораја го изгуби телефонот на еден од белградските сплавови во кој биле најдени пораките кои взаимно ги испраќале со Синиша, јавноста не престанува да зборува за оваа афера, особено затоа што Михајловиќ има жена и пет деца.
Од анонимен извор дознаваме дека Сораја го знае секој негов чекор, и дека тој е добро информиран за секое нејзино излегување.