Фотографот Дејвид Елдер смета дека го снимил митското чудовиште од шкотското езеро Лох Нес. Тој од брегот на езерото ги фотографирал лебедите кога во еден момент во водата се појавила црна креатура долга околу 5 метри.
Тој покрај фотографијата направил и снимка од необичното суштество кое го видел и токму тоа видео ја оживеа легендата за мистериозното чудовиште од Лох Нес и предизвика бројни полемики.
Погледнете го видеото и сами проценете дали станува збор за мистериозното чудовиште:
http://www.youtube.com/watch?v=nIaXvujvzIg