Сноуден ги убедил колегите да му ги дадат лозинките?

popara11 ноември, 201317min00
4

Одметнатиот соработник на Националната безбедносна агенција, Едвард Сноуден ги користел компјутерските лозинки кои успеал да ги добие од колегите во шпиунската база на Хаваите со цел да пристапи до доверливи податоци кои потоа ги објавил преку медиумите.

Вработените во НСА кои своите лозинки за логирање во тајната програма ги дале на Сноуден, се идентификувани, испрашани и тргнати од задачата, но не се знае дали се отпуштени или се префрлени на друго работно место.

Сноуден успеал да убеди 20-25 колеги во регионалниот оперативен центар на НСА на Хаваите да му ја дадат својата лозинка, велејќи дека истите му се потребни за да може да си ја обавува својата работа како администратор на компјутерскиот систем.

Оваа најнова вест за случајот “Сноуден“ потврдува дека неадекватните безбедносни мерки во НСА изиграле значајна улога во процесот на истекување надвор на доверливи информации, афера невидена во 61 годишната историја на оваа агенција која се бави со тајно прислушкување.

Иако американската влада сега верува дека знае на кои се информации Сноуден можел да пристапи, од истрагата сеуште не се сигурни кои информации поточно тој ги симнал и во колкав број.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag