Сноуден: Хемтрејлси и ХААРП тајното оружје на САД

popara4 октомври, 201317min00
8

Едвард Сноуден, бившиот американски агент, дал на увид документација која докажува дека во тајна лабораторија е развиен програм кој ќе доведе до ширење на пустините и сушење на Амазонската шума.

Додека работел во НСА, Сноуден имал пристап до многу документи и од она што го видел, заклучил дека хемтрејлсите – хемиски трагови на авионите за чија штетност многу се зборува – се дел од “добронамерниот“ програм ХААРП наменет за борба против глобалното затоплување.

Тој тврди дека во соработка со производителите на гориво, владините агенти вложиле многу напор за да ги одржат хемтрејлсите во тајност . Сноуден објаснува дека промените на климата се закана за американското земјоделство и дека поради тоа станува прашање на националната безбедност.

Сноуден вели дека ако овој праграм се укине, научниците кои стојат позади него цврсто веруваат дека во рок од 7 години климата во Северна Америка ќе се отргне од контрола, а недостатокот од нови сеидби би довело до глад и сиромаштија . Тој објаснува дека хемтрејлс програмата може многу лесно да се скрие од јавноста, особено во соработка со компаниите кои се занимаваат со гориво.

“Хемикалиите кои се ослободуваат од патничките авиони се означени како “адитиви“, наводно со цел за подобрување на ефикасноста. Само ако авионот достигне одредена брзина, топлината и атмосферскиот притисок предизвикуваат хемиска реакција која синтетизира молекули кои го заробуваат јаглеродот. Овој процес е несовршен, па затоа и многу од нус продуктите се крајно опасни и во трагови. Најопасната работа е во тоа што, иако хемтрејлсите ја чуваат климата на САД разумно стабилна, граѓаните секојдневно се бомбардирани со невидлив дожд од опасни молекули, а влијанието врз здравјето е на втор план и сосема непознато.“

Foto: Tanjug / AP

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag