Со помош на Вибер може да се пробие заштитниот систем на сите Андроид модели!

popara25 април, 20131min00
1

Експертите од компанијата Bkav откриле дека преку апликацијата Вибер можете да ја пробиете заштитата на Андроид телефоните и да добиете целосен пристап во мобилниот уред.

Според податоците од сајтот Вибер има над 100 милиони корисници чија приватност може да биде загрозена без да се вложи многу труд при тоа.

Во зависност од моделот на телефонот за напад е потребно да испратите Вибер  порака или да воспоставите повик за да се појави поп-ап порака на екранот или да се регистрира пропуштен повик. Кога ќе се појави порака или известување за пропуштен повик со допир на екранот се појавува виртуелна тастатура на нападнатиот телефон. Кога ќе се појави виртуелната тастатура потребно е да се провери пропуштениот повик или пак да се притисне копчето Back.

Во тој момент телефонот се отклучува и напаѓачот има целосен пристап во уредот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma