Состојки:
Кора:
5 белки
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
250 мл млеко
Фил:
1 пудинг од ванила
1 пудинг од чоколада
1 литар млеко
4 лажици брашно
200 гр шеќер
40 гр чоколада
2 маргарина
5 жолчки
300 мл слатка павлака
Подготовка:
Се матат пенасто белките, постепено се додава шеќер и кога ќе се растопи се додава брашно и се меша. Смесата се исипува во тркалезен калап и се пече во загреана рерна на 180 степени. Топлата кора се потопува со млеко и се остава да се олади.
Пудингот од ванила со 100 гр шеќер и 2 лажици брашно се вари во 500 мл млеко. Истото се прави и со пудингот од чоколада, со тоа што се додава 40 гр чоколада и се меша додека се стопи. Пенасто се мати маргаринот со жолчките и се дели смесата на два дела. Во двата крема со пудинг се додава маргарин и убаво да се измеша со миксер. Се премачкува кората со бел фил, потоа со чоколаден и се декорира со матен шлаг и рендана чоколада. Тортата се чува во фрижидер неколку часа пред сервирање.