Најпознатата српска старлета Сораја Вучелиќ ја демантираше веста дека е во врска со селекторот на српската репрезентација, Синиша Михајловиќ и вели дека медиумите ја измислиле нивната наводна романса.
“Не ми е јасно кој ова го пласира. Бев на одмор со другарките, не со Синиша Михајловиќ“, вели Сораја.
Сепак старлетата не објаснува како медиумите ги наместиле пораките со сексуална содржина кои ги разменувала со Синиша. Старлетата наводно го изгубила телефонот во еден од сплавовите, а тој паднал во рацете на медиумите и сите пораки кои ги разменувала со Синиша беа објавени.
После тоа во исто време летуваа во Барселона. Сепак, Михајловиќ изјавил дека му местат афера бидејќи сакаат да го саботираат, и дека ништо од тоа не е вистина.