
Бијонсе и Џеј Зи се еден од ретките холивудски парови чиј живот не е серија од скандали, разводи, наркотици и лични драми. Едни од ретките кои демонстрираат нормален семеен живот и пример за совршено семејство.
Бијонсе неодамна изјави дека покрај својот сопруг се чувствува како вистинска жена, опсипана со љубов и внимание, заштитена и дека го има она што од секогаш го посакувала – вистинско семејство. Блиските на Џеј Зи пак изјавиле дека за него Бијонсе е единствената жена во светот и дека едноставно ја обожува.
Деновиве Бијонсе и Џеј Зи се видени во Торонто заедно со својата ќерка Блу Ајви. Погледнете ја нивната семејна прошетка во галеријата што следува:










