Спас од карциномот? За 8 дена излечен од рак!

popara28 март, 20131min00
9

Американецот Дејвид Апонте за само 8 дена е излечен со помош на новата генетска терапија од неизлечива форма на леукемија. Со истиот иновативен метод во Меморијалниот центар за карциногени болести во Њујорк за 8 недели се излечени уште двајца пациенти.

Кај сите пациенти е дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија за која нема лек. Меѓутоа експертите развиле нова експериментална метода која се покажала ефикасна, а кај Дејвид и повеќе од тоа.

Лекарите најпрво издвоиле молекули карактеристични за клетките на одредени видови рак, после што имунолошките клетки на пациентите се генетски модифицирани и насочени да ги напаѓаат малигните клетки. Иначе, кај акутната лимфобластна леукемија имунолошките клетки постануваат малигни и се нарекуваат Б клетки. Молекулите кои биле издвоени од тие малигни Б клетки се наречени ЦД 19.

Лекарите издвоиле здрави Т клетки и ги третирале со безопасен вирус, кој ги потикнал да ги напаѓаат клетките со молекула ЦД 19. Откако клетките биле повторно вратени во телото, тие ги убиле сите малигни. После тоа на пациентите им била пресадувана здрава коскена срж за да се развие повторно имуниот систем иако сметаат дека телото би развило само после неколку месеци.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma