На кожата и се потребни постојана влажност и многу витамини за да биде здрава и еластична. Кога ќе го постигнете ова тогаш кожата потешко ќе старее. Ова се неколку намирници кои може да ви помогнат во вашата намера.
Млеко, цимет, мед и ванила… звучи одлично, а исто таков ефект ќе остави врз вашата кожа. Измешајте една лажица млеко, пола лажица цимет, две лажици мед и лажица ванила. Со оваа смеса премачкајте го лицето и оставете нека делува 15 минути. Додека трае третманот опуштете се во убавиот мирис.