Потребни состојки:
- 500гр телешки стекови
- 250гр пршута
- 1кг компир
- 50гр путер
- малку млеко
- магдонос
- сол
- бибер
- масло
За сос:
- 250гр путер
- 2 жолчки од јајце
- 4 лажици бело вино
- сок од еден лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Сварете го компирот, изгмечете го, додадете путер и млеко, па направете пире. Стековите истенчете ги со толчник за месо, додадете сол, бибер, завиткајте ги во пршута и испечете ги на загреано масло. За сос растопете путер и оставете го од страна. Ставете помал сад во поголем со зовриена вода и на пареа изматете жолчки и бело вино. Полека, со постојано мешање, додадете растопен путер, малку сок од лимон, сол и бибер. Кога ќе почне да се згуснува сосот е готов. На средина на чинијата ставете пире од компир, преку него ставете стек, а околу истурете сос и украсете со сецкан магдонос.