Стиви Вондер одбива да настапи во Флорида поради ослободувањето на Зимерман

popara17 јули, 20131min00
3

Стиви Вондер категорично одби да настапува во Флорида се додека оваа земја не си ги доведе во ред постоечките закони.

Во видеото објавено на Јутјуб, 63 годишниот Вондер додава: “Каде и да постои ваков нехуман закон во светот, таму јас никогаш повеќе нема да стапнам!“.

Станува збор за законот кој им овозможува на луѓето да користат огнено оружје и физичка сила ако веруваат дека нивниот живот е во опасност и сами да се бранат.

Всушност ова е и темата што ја запали Америка – Станува збор за Џорџ Зимерман кој во фебруари 2012 го застрела 17 годишното афроамериканско момче, со објаснување дека тоа било во самоодбрана.

Деновиве шесточлената порота го ослободи Зимерман од обвинението, што беше причина за масовни протести и незадоволство кај голем дел од американската, но и светската јавност.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma