Швеѓанец бил обвинет дека поставил околу 517 наслови на торент сајтовите и ја добил титулата “Најлошиот Пират во историјата“. Швеѓанецот по одлука на судот морал да плати казна од €480.000 и да одработи 160 часа корисна општествена работа поради недозволено поставување на филм на еден торент сајт. Покрај поставувањето на филмот, тој поставил уште 517 други наслови на торент сајтовите. Иако торентите важат како најдобар склад на нови филмови, поставувањето и симнувањето на нив е нелегално. Компаниите кои работат на објавувањето на филмови губат големи пари поради големата стапка на пиратерија. Се води голема битка пиратеријата да се спречи, но за сега нема идејно решение како би го решиле овој проблем.

