Супер жена: Го држела сопругот за гаќи 20 минути и го спасила од сигурна смрт!

popara7 август, 20131min00
3

Линг Су од Чангчун, Северна Кина, го спасила животот на својот сопруг Ванг Ли кој се обидел да се самоубие скокајќи од шестиот кат каде живееле. Ванг по гаќи скокнал од прозор, а Линг со молскавична реакција го фатила за боксерици и го спасила од сигурна смрт.

Линг успеала да го задржи сопругот во таа положба подолго од 20 минути, колку што им требало на полицијата и пожарникарите да пристигнат.

Како што известуваат кинеските медиуми човекот кој се обидел да се самоубие бил во депресија бидејќи останал без работа. За својот живот, покрај храбрата сопруга, Ванг може да се заблагодари и на квалитетниот и цврст материјал од кој биле изработени боксериците.

http://www.youtube.com/watch?v=LWiwIrq8ioY