Во документот стар 63 години се зборува за НЛО кој наводно се срушил во пустината во Мексико како и за телата на вонземјаните пронајдени на местото на несреќата.
Од FBI изјавуваат дека документот кој потекнува од 1950 година е најпознатиот во нивниот внатрешен систем, односно електронска библиотека, каде можат да се разгледуваат одредени документи од минатото.
Со повеќе од милион прегледи, документот зборува за непотврден извештај и настан кој FBI никогаш не го истражил.
Се спомнуваат три летечки чинии кои се најдени во Мексико од страна на воен пилот. Во секоја од нив се пронајдени телата на живи суштества кои наликувале на луѓето и биле облечени во сребрена ткаенина.
Од моментот кога е објавен извештјот посетителите рапидно се зголемиле на службената страна на FBI , но агенцијата тврди дека се работи за измама од 1950-та година, кога ваквите приказни биле доста популарни.
Документот можете да го видите овде:
http://vault.fbi.gov/hottel_guy/Guy%20Hottel%20Part%201%20of%201/view