Татко монструм со години го силувал својот син заедно со својот хомосексуален партнер!

popara2 април, 20131min00
8

Сексуалното злоставување врз детето траело со години. Момчето било прогласено за психички болно кога се пожалило пред надлежните органи и му била препишана интензивна терапија со антидепресиви.

Енди Кенон (23) бил даден на посвојување кога имал 8 години и до својата 14-та година трпел физичко и сексуално злоставување. Човекот што го посвоил, Дејвид Кенон (54) живеел во хомосексуална заедница со Џон Скарф (31), при што двајцата сексуално го злоупотребувале момчето.

Детето со години го пријавувало случајот пред социјалните служби, но никој не посветил внимание на неговите молби за помош, а тој бил прогласен како „непослушно“ дете.

Кога на 15 години побегнал од дома, социјалните службеници го вратиле назад во насилното семејство, а психијатрите процениле дека боледува од психичко пореметување па затоа бил ставен под јака терапија.

Властите и заедницата во која живеело злоставуваното дете ги сметале неговите двајца „татковци“ за примерни родители и угледни личности.

Енди Кенон неодамна се обратил пред судот кој пресудил во негова корист.