
Еден од најдобрите кошаркари последниве 20 години, Тим Дункан од Сан Антонио Спурса, се најде среде невиден скандал.
Всушност, низ интернет почна да кружи приказната од “анонимен извор“ кој за медиумите изјавил дека Дункан бившата сопруга ја изневерил со маж со кој се запознал уште како студент.
Нивната врска според информациите добиени од изворот траела со години, а Дункан хомосексуалноста ја прикривал со брак.
Некои медиуми пак застануваат на негова страна и велат дека на информацијата треба да се гледа со резерва бидејќи Дункан во моментов се наоѓа среде бракоразводна парница, а многумина сметаат дека неговата сопруга ги потикнала овие гласини со цел да го оцрни пред јавноста. Треба да потсетиме и дека пред неколку месеци се пишуваше дека до развод се стигнало поради неверство, но од нејзина страна.
