Официјалниот финансиски извештај на Фејсбук, освен заработката која е забележана, покажал и тоа дека тинејџерите ја напуштаат оваа социјана мрежа.
Иако и претходно се знаеше дека Фејсбук не е најпопуларна социјална мрежа помеѓу тинејџерите, информациите овој пат ги потврди и самиот Фејсбук.
Финансискиот директор Давид Еберсам, изјавил дека е тешко да се одреди во која мера младите се присутни на социјалната мрежа, но додава дека во третиот квартал се забележува значителен пад на дневните посети од страна на тинејџерите.
“Прашање е колку овој факт е важен за Фејсбук, но решивме оваа информација да ја споделиме со јавноста бидејќи во последно време добиваме многу прашања поврзани со тинејџерите“, изјавил Еберсам.
Еберсам додава дека ситуацијата не е проблематична во САД каде речиси секој тинејџер има профил на Фејсбук.