
Премиерот Груевски во тужбата бараше отштета од 15 илјади евра за нанесување штета на честа и угледотОсновниот суд Скопје 2 денеска му изрече парична казна од 650.000 денари на лидерот на НСДП Тито Петковски по тужбата од премиерот Никола Груевски за клевета и нарушување на угледот и честа.
Премиерот Груевски го тужеше Петковски затоа што во октомври минатата година за неделникот „Фокус“ изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на ОН во 2008 се согласил новото име да биде „Република Македонија (Скопје)“.
Груевски по првото рочиште изјави дека не е точно дека испратил такви писмо и оти постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот со името кој дошол непосреден пред самитот на НАТО во Букурешт истата година, и за којшто, владата изразила волја таквиот предлог да биде даден на референдум, граѓаните да одлучат дали ќе го прифатат предлогот „Република Македонија (Скопје)“.
Тито Петковски, пак, изјави дека доколку владее правото и доколку судот го почитува законот, тогаш не треба да биде казнет. Според него, спорен е и аспектот за нарушениот углед и чест, со оглед на тоа што по изјавата што ја дал тој, премиерот Груевски не претрпел политичка штета.
Премиерот Груевски во тужбата бараше отштета од 15 илјади евра за нанесување штета на честа и угледот.
Извор: http://www.utrinski.com.mk