Потребни состојки:
За кора:
- 3 јајца
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици мед
- 1 лажица сода бикарбона
- 23 лажици брашно
За фил:
- 1л млеко
- 4 лажици шеќер
- 9 лажици брашно
- 250гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
за декорација:
- неколку парчиња ореви
- 200гр шеќер
Начин на подготовка:
Јајцата, шеќерот, мед и сода бикарбона варете на пареа 5-10 минути, па тргнете од оган. Во врелата смеса додадете три лажици брашно и добро помешајте, потоа додадете во четири наврати по пет лажици брашно и добро измешајте. Од смесата испечете две кори, секоја по половина час на 180 степени. За фил сварете пудинг од брашно и млеко со четири лажици шеќер, а кога ќе се олади, додадете маргарин изматен со шеќер во прав. Тортата филувајте ја и одозгора премачкајте ја со филот. Карамелизирајте го шеќерот и додека е топол натопете ги оревите и ставете ги на мазна хартија. Шеќерот оладете го, измелете го и украсете ја тортата.