Тотално чоколадно: Чоколадни коцки!

26 ноември, 20131
14

Состојки:

Кора:

5 јајца

5 лажици шеќер

200 гр мелени ореви

3 лажици брашно

1 прашок за пециво

Прелив за кора:

500 мл вода

250 гр шеќер

1 ванилин шеќер

Фил:

500 мл слатка павлака

400 гр млечно чоколадо

100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги оревите, брашно, прашок за пециво, и измешајте. Смесата исипете ја во подлабок плех и печете на 200 с околу 15 минути. Кога кората ќе биде печена и оладена, се полива со претходно сварениот прелив кој сега треба да биде ладен. Слатката павлака се загрева, се додава млечна чоколада, се меша додека чоколадата не се стопи и павлаката не се згусне ( напомена: не смее да зоврие). Потоа се додава филот врз кората, се остава да се олади и стегне. Уживајте!

One comment

  • dance

    26 ноември, 2013 at 13:40

    mnogu dobro izgleda

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *