
Во Никарагва е уапсен еден од десетте најбарани криминалци од листата на ФБИ. Станува збор за 31 годишниот поранешен наставник во основно училиште во Вашингтон, Ерик Џастин Тот кој е осомничен за злоставување на деца и за детска порнографија.
На листата на најбарани криминалци во светот го заменил убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а за информација која ќе доведе до него, ФБИ нуделе 100.000 долари.
Се очекува дека наскоро тој ќе им биде предаден на американските власти.





