
По барање на обвинителството, полицијата денеска го уаспаси директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, поради проширување на истрага во случајот „Фаланга 2“, акција на полицијата која се случи пред неколку месеци и во која од групата уапсени 16 лица, двајца беа раководители од Управата, каде директор е Кузман.
Групата но „Фаланга 2“ се товареше за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена должност, злосторничко здружување, криумчарење артефакти и предмети од културно наследство, диво копање и друго.
И адвокатите на досега уапсените во „Фаланга 2“ во секој момент треба да пристигнат во скопскиот Кривичен суд, каде пред истражен судија трае распитот на Кузман.
Неофицијално, акцијата „Фаланга 2“ на јверојатно е проширена и за уште неколку други лица.
Детали кога бил упасен Кузман и дали има уапсено и други, од МВР најавија за подоцна.
Извор: http://www.plusinfo.mk