Судот во Охајо го осуди на доживотна затворска казна 18 годишниот Ти Џеј Лејн кој минатата година уби тројца ученици, а повеќемина повреди во едно средно училиште во градот Чардон, источно од Кливленд.
Иако не одел во тоа училиште, Лејн додека чекал автобус влегол во школската кафетерија каде се наоѓале учениците и почнал со огнено оружје да стрела кон нив.
Три момчиња се убиени, уште тројца со тешки повреди од кои еден останал парализиран.
Лејн добил максимална казна односно доживетен затвор, а не смртна казна бидејќи во моментот на злострството имал 17 години.
На судењето се појавил во маица на која пишувало УБИЕЦ и во текот на судењето упатувал вулгарни гестови и зборови кон семејствата на загинатите.