Италијанската компанија Ламборџини одлучила да не импресионира и шокира со својот најнов супер луксузен модел…
Venеno е автомобил со совршен изглед, 750 кс и цена од 3 милиони евра. За жал и да имате 3 милиони нема да можете да го купите бидејќи сите три примероци кои се произведени се веќе продадени.
Кога Стефан Винкелман најави дека компанијата планира во Женева да го покаже новиот модел, не го очекувавме ова што го видовме. Забрзување од 2,8 секунди од 0 до 100 км/ч, со максимална брзина од 355 км/ч, ни покажа дека Винкелман бил во право кога рекол дека ќе бидеме шокирани…