Умре, како што живееше.. Почивај во мир Никола!

popara28 март, 20131min00
5

Никола Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Тој е новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ, како главен и одговорен уредник на Млад Борец, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле во неформалната „црна листа“ во македонското новинарство.

Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување се децениските гревови на комунистичката номенклатура му донесуваат на Млад Борец углед на предводник на демократските процеси во СРМ. Во 1995 година Младенов го основа Фокус, влијателен информативно-политички седмичник во Република Македонија.

Својата кариера ја почна како надежен млад актер, а кон средината на 80-тите почнува со работа како новинар во „Млад Борец“. Тој е еден од луѓето што ги воведе плуралистичките правила во македонското новинарство, заедно со својата екипа во Млад Борец. По Млад Борец тој го основа радиото Либертас, а набргу, во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус, како прв слободен и независен неделен весник во Македонија.

Со логото „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ Фокус, под водство на Младенов станува еден од главните столбови на новото македонско општество. Младенов го градеше брендот на Фокус цели 20 години, речиси една половина од неговиот животен век, создавајќи медиум во која најважна беше речта на слободниот говор, слободата беше императивот на неговите написи. Во 2011 година Младенов го основа и дневниот весник „Фокус“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma