Драги девојки, знаете дека освен костимот за капење, маникирот е другиот задолжителен акцент за една завидна летна визија.
Во нашата денешна галерија може да се послужите со идеите како да направите неон маникир.
Многу лесно можете да го постигнете саканиот ефект и со боите кои веќе ги имате. Дури и доколку немате неон лак. Едноставно, пред да се лакирате со саканата боја, нанесете еден слој бел лак за основа. Маникирот ќе стане многу светол и блескав.