Џејк Гиленхал ја шокираше јавноста со својот изглед. Актерот се збогувал со повеќе од 10 килограми, но фала Богу не поради здравствени причини, туку поради улога.
Наскоро ќе го видиме Џејк во филмот “Nightcrawler“ каде толкува криминален репортер во слободна пракса, кој ќе се замеша во опасен подземен свет, скриен зад привидниот гламур и сјај на Лос Анџелес.
Во името на уметноста еден од симболите на младото актерско поколение се раздели од атлетското тело на кое се насладувавме во продукции како “Принцот на Персија“.